На жител на Колорадо му беа исплатени 7,200,000 долари оштета, поради развој на хронична состојба добиена од арома на пуканки, подготвени во микробранова печка.
Поротниците се согласија со тврдењата на педесет и девет годишниот Вејн Вотсон, дека производителите и синџирот на супермаркетите кои ги продаваат пуканките, биле несовесни, поради неуспехот да ги предупредат потрошувачите, преку етикетите, со кои не покажале докрај, дека истите можат да бидат опасни по здравјето на човекот, со нивната арома и диацетил.
Состојбата е форма на опструктивна болест на белите дробови, што предизвикува потешкотии да воздухот тече надвор од истите и претставува неповратен процес.
Вотсон беше првиот корисник на микробранови пуканки кај кого била дијагностицирана ваквата болест (облитерирачки бронхиолитис), изјави неговиот адвокат Кенет Меклеин.
Ваквата болест кај Вотсон беше дијагностицирана во 2007 година, откако претходно неколку години вдишувал од вештачкиот путер на пуканките, кој тој ги конзумирал речиси секој ден.
Поротниците на крај сметаа дека вината на „Gilster-Mary Lee Corp“, приватна компанија за производство на пуканките, е 80% и ќе мора да плати штета 7,217,961 долари, за разлика од синџирот на супермаркетите „King Soopers“, кои мора да ги прифатат останатите 20% одговорност.
Адвокатите на обвинетите изјавија дека здраствените проблеми на Вотсон биле првенствено од големиот број на години на користење на опасни хемикалии, но не и од вештачкиот путер на пуканките. Адвокатите на дел од компаниите планираат да ја обжалат ваквата одлука, а друг дел не биле достапни за јавноста.
Адвокатот на Вотсон Меклаин, изјави дека уште од 2004 година претставувал клиенти кои тужеле поради нарушување на здравјето предизвикано од микробрановите пуканки.
Докторот кој што го користел во случајот на Ватсон бил Сесил Роуз која ја докажала врската меѓу неговата болест и диацетилот кој го имало во неверојатни количини во пуканките.