Тегла ајвар ќе чини минимум 100 денари


Оваа сезона тегла ајвар ќе чини најмалку 100 денари, со оглед на цената на килограм пипер кој се продава за 25 до 30 денари.

ajvar.8122

Граѓаните веќе почнаа со подготовка на зимница. Трговците велат дека цената на зеленчукот нема да се намали, туку може да порасне.

Последниве 2 – 3 дена купуваат луѓето пиперки за ајвар. Ако се смета дека за една тегла се потребни 4 килограми пиперки, една тегла ајвар ќе ги чини граѓаните над 100 или 120 денари. Цените на сите производи се зголемени многу и од тие причини нема да поефтини пиперот. А за тоа дали продажбата е подобра од лани не можам да ви кажам бидејќи има многу диви продавачи. На секое ќоше пазар направија – вели Драги Денковски, трговец.

Како и обично за купувачите е скапо, за производителите е ефтино и неисплатливо.

Не се исплати. Сепак на граѓаните им е поефтино да направат тегла ајвар, отколку да ја купат. Прашуваат многумина, но кога ќе ја чујат цената бегаат – рече Родна Стојановска, производител.

За ајварот нутриционистите советуваат да се подготвува без конзерванси, со што помалку зејтин, да биде додаток, а не основа храна во зима.

kumanovonews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1