Октишани децидни: На 20 септември ќе ставиме камен темелник на црквата


Православните верници од Октиси, Струшко не се повлекуваат од планот да ја градат  црквата „Свети Димитрија“.

-До 20 септември камен темелникот за изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси ќе биде поставен. Тоа што некој кажува дека градежната дозвола која е со важност до 30 септември нема да биде проблем, ние не веруваме во тоа. На Октиси ќе му се случи народ- изјави за А1, отец Зоран Попоски.

oktisi2Според него , ако не се стави камен темелник на изградба на црквата народот ќе се побуни.

-Јас мислам дека ќе се случи народ. Охрид и охридско, Струга и струшко ќе се кренат. Следниот пат кога ќе се одлучиме да го поставуваме камен темелникот јас ви гарантира дека таму ќе дојдат и 10.000 православни верници. Тоа што како обврска си го имаме поставено и јас како парохиски свештеник не отстапуваме ни мунута дека до последниот термин ќе го поставиме. Штета е што поставување на камен темелникот и градбата на овој храм е земен како повод за раздор. Јас на неколку пати на жителите им реков дека не правиме канализација, септичка јама, правиме нешто што ќе ја разубави средината – вели отецот.

Според него и името на селото означува осум цркви, односно Октиси-осум цркви.

-Можат ли сега и името да го сменат да не бидат Октишани или Октиси што значи осум цркви во превод на македонски јазик. Причина за сето ова што се случува доагаѓа од надвор, од надворешни фактори и не доаѓа од Исламската верска заедница- заклучува во изјавата за А1,отец Зоран Попоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1