Над 200.000 ученици денес се враќаат во училишните клупи – старт на школската година


За над 200.000 основци и средношколци утре почнува учебната 2013/2014 година. Околу 20.800 првпат ќе седнат во училишните клупи.

skolo vnatre– Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата, изјави минатата недела ресорниот министер Спиро Ристовски.

Обезбедени се комплетно нови учебници од прво до трето одделение и корекциите на учебниците кои се пријавени како уништени, рече Ристовски.

Новина за наставниците во 2013/2014 година е што задолжителниот електронски дневник ќе го водат еднаш седмично, наместо еднаш дневно, согласно со дополнетиот Закон за просветна инспекција.

Во завршна фаза е договорот со издавачката куќа на универзитетот Кембриџ за превод и адаптација на учебници од природните науки за учениците во основното образование, што е овозможено со дополнувањето на Законот за учебници и на Законот за Бирото за развој на образованието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1