Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. Ахмети ќе го придружува вицепремиерот Муса Џафери и шефот на Кабинетот на Ахмети, Артан Груби.
Како што информираат од ДУИ, оваа средба е продолжување на интензивната кампања на лидерот на ДУИ за интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ.
Според информациите тема на средбата ќе биде името и интеграциите на земјава кон ЕУ. Нема детали за тоа на чија иницијатива доаѓа оваа средба.
– Сметам дека Македонија се наоѓа пред историски избор од два правци: интеграција или изолација. Изолацијата носи голема ранливост и неизвесна иднина за сите нас додека интеграцијата носи безбедна иднина и ни обезбедува напредок. Јас и моите сопартијци ја одбравме интеграцијата и затоа вчера бев во Вашингтон, а денес се наоѓам во Атина и решен сум да одам секаде каде што е потребно за да се постигне оваа највисока цел и притоа ние само ја вршиме нашата работа затоа што тоа претставува наша обврска“, изјави за „Вест“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред неговата средба со грчкиот министер за надворешни работи.
По Теута Арифи и Фатмир Бесими лидерот на ДУИ Али Ахмети е третиот од највисокото раководство на албансакта владејачка партија кој заминува на разговори со грчките државни претставници. Иако Самарас директно одби можност да се сретне со неговиот колега Груевски а истото со години го прави и претседателот Папуљас кој избегнува средба со Иванов, грчките претставници немаа проблем да разговараат со албаните членови на владеачката коалиција. Експертите со различен коментар за оваа појава.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека Ахмети може да помогне во спорот, но избегнувањето на средбите со македонски претставници од грчката страна остава простор за сомнеж и тајни цели.