Најпознатата сорта грав тетовец се помалку се одгледува. Ако во минатото во тетовско гравот заедно со пченка се одгледувал и на неколку илјади хектари, сега површините се значително намалени.
Ова е една од најтешките култури за одгледување,. Се бере рачно и тоа сега во овој период од средината на август кога времето е многу топло. Се повеќе луѓе се откажуваат поради потешкотиите, објаснуваат земјоделците.
Пред да го соберат гравот, земјоделците имаат шест месеци тешка и обемна работа околу одгледувањето.
Од 2006 година Државниот завод за индустриска сопственост има издадено решение со кое се заштитува географската одредница “тетовски грав”.
Сител