Иако без вообичаен детски џагор во училишниот двор, денеска седумгодишната Андреа Петрова за прв пат влезе во својата училница во подрачното училиште на штипската деветолетка „Тошо Арсов“ во приградската населба Чардаклија, пишува Канал 5.
Таа е единствено прваче во училиштето. Големата возбуда од првиот школски ден не и дозволи да ги сподели со нас впечатоците од контактот со учителката, чувството да се седи во школска клупа.
– Првачето денеска беше воодушевено и премногу возбудено, од помислата дека од денеска станува ученик со обврски и запознавање на многу нови нешта за него. Условите за работа во единствената училиница во ова подрачно училипте не се иделни, но со поголема заложба од моја и од страна на моите колеги, ќе направиме се, Андреа како единствено прваче и нејзините нови другарчиња, оваа година да ја имаат како успешна учебна година, изрази надеж учителката на Андреа, Елена Камчева.
Единственото прваче во Чардаклија, од штипскиот градоначалник доби пригоден подарок, со желба учебната година да е успешна и срекна.
– Ние како општина ќе најстојуваме во блиска иднина во образованието да стартува со финансирање на повеќе средства, со единствена цел на децата да им создадеме услови за да бидат добри и успешни ученици, изјави Илчо Захариев – градоначалник на О. Штип.
Ова е втора година по ред, како подрачното училиште има само едно прваче. Во единсвената училница, комбинирана настава следат уште пет дечиња за второ, четврто и петто оделение. Надлежните немаат одговор, кои се причините што довеле за ваков мал број на ученици, кога се знае дека само до пред неколку години дворот од училиштето вриеше од тогашни основци.
Видеото за седумгодишната Андреа погледнете ја сајтот на Канал5.