Бидејќи Денот на независноста – 8 Септември, годинава се паѓа в недела, следниот ден, понеделник, ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста.