Поради сиромаштија децата на Стојанови не можат да одат на училиште


Марија, Драгана, Дамјан, Александар и Валерија се петте дечиња на Јасмина и Стојан Стојанови од селото Каратманово. Три од нив вчера не тргнаа на училиште.

Родителите немаат пари да ги прехранат, ниту да ги школуваат. Јасмина никогаш не работела, а Стојан последен пат плата заработил пред една година, како овчар во приватна фирма. Од тогаш до денеска се нудел секаде но, никој не му дал стална работа. Сега се нуди како аргат, ја пренесува нивната сторија Канал 5.

karatman

Триесет и девет годишниот Стојан има девет декари земја но, нема пари да ја работи. Вели дека посеал жито и сомлел 10 вреќи брашно. Заедно со Јасмина одгледале и малку тутун но, штом стигнат парите банката ќе му ги земе од блокираната трансакциска сметка поради недоплатениот кредит за двата каучи што ги купил на кои спијат децата. Тој со сопругата спијат на подот. Тоа не е ништо кога ги гледаш децата како се гладни, вели овој автомеханичар, кој никогаш не нашол работа во професијата.

Стојанови денеска ја пратиле пеш најстарата ќерка да ги земе книгите од училиштето во Лозово оти се уплашиле од заканата дека ќе ги казнат.

Деновиве ја очекуваат третата сметка за струја и знаат дека набрзо ќе живеат во целосен мрак.

Видеото погледнете го на – Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1