Жителите на Неиџианг, во кинеската провинција Сичуан, беа сведоци на раѓањето на маче-киклоп, кое беше родено со само едно око и без нос.
Мачката која го роди, на свет донесе уште две здрави мачиња. Ветеринарите кои ја прегледаа необичната рожба останаа без зборови и истакнаа дека никогаш досега не виделе ваква деформација кај мачките. Несреќното маче почина само неколку часа после раѓањето.