Пожар во Злокуќани – гореа 3 куќи – целосно изгоре куќа на 9 члено семејство


До темел изгоре куќата на семејството Шабани ,а двете соседни куќи беа зафатени од силниот оган.

POZAR-22-Според сопствениците на изгорената куќа некаде околу 19 часот додека вечерале наеднаш избил оган, и за среќа сите деветмина веднаш избегале од запалената куќа.

Пожарот ја зафати и електричната инсталација во населбата Злокуќани , така што во обид да се спаси покуќнината во запалените куќи , еден од соседите преживеа струен удар.

Четири противпожарни возила го гаснеа пожарот но според жителите на Злокуќани тие дошле со големо задоцнување.
Семејството Шабани и нивните соседи не знаат каде ќе ја поминат ноќта зашто заработуваат за живот собирајќи стара пластика и хартија а вечерва останаа без целиот имот.

Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1