Треба ли да си го наполните резерварот ако Америка ја нападне Сирија?


По нападот со хемиското оружје, се чини дека сè поизвесно е дека Америка со некои сојузници ќе изврши напад врз Сирија. До нападот може да дојде оваа или наредната недела, а веќе постојат неколку сценарија за тоа како ќе изгледа развојот на настаните.

benzin4Она што на многумина им е интересно е проценка за тоа како евентуалната ескалација на кризата може да влијае на цената на нафтата, па дури и на Балканскиот полуостров. Според некои „катастрофални“ сценарија цената може да скокне за два пати, но, за сега, ова е малку веројатно.

До сега, единствено од Босна и Херцеговина одговорија на ова прашање. Претседателот на Здружението на сопствениците на бензински пумпи во Република Српска, Љубо Стевиќ изјавил: „Сигурно е дека цената на суровата нафта може да поскапи ако Америка ја нападне Сирија, што секако негативно ќе влијание и на нашиот пазар”, изјавил Стевиќ, за агенцијата Срна. Тој посочил дека во спротивно може да дојде до мал пад на цените на горивото, односно до стандардна зимска стабилизација на цената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1