Те сакам мамо, ми велеа дека си мртва – Мајката и киднапираната Александра конечно се гушнаа


Мислела дека сум мртва. Вака мајката на 6-годишната Александра ја опишува средбата со нејзината ќерка по две години.

Изненаденото лице на малото девојче кога во полициска станица синоќа околу 1 часот ја видела својата мајка било вистински шок.

aleksandra kidnapirano devojceАлександра била изненадена, бидејќи мислела  дека мајка и е мртва. Вака мајката на 6-годишната Александра ја опишува средбата со нејзината ќерка по две години.

-Најпрво не сакаше да ме види и да разговара со мене. И кажувале дека сум лоша, подоцна дека сум мртва. Кога ме виде ми рече, „мамо ми рекоа дека си мртва, а ти си била жива“, раскажува низ солзи мајката на 6-годишната Александра, Татјана за Курир.

Вистински стрес била нивната средба. Малата Александра не сакала да оди со мајка и, бидејќи мислела дека таа ќе ја украде.

-Многу лошо и зборувале за мене, но морам да кажам дека сум им благодарна до гроб на Центарот за социјална грижа кои по 45 минути разговор со Александра, таа се промени. Околу 3 часот по полноќ дојде кај мене и ми кажа „те сакам мамо, ми зборуваа лошо за тебе“. Вечерта спиевме заедно гушнати сите три, јас Александра и постарата 15 годишна ќерка, вели за Курир Татјана.

Малото девојче се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Има шест убоди од болви, воспаление на левото уво, афти, повеќе од една година не примила вакцина и не била на лекарски преглед. Живеела во ужасни услови.

aleksandra-Александра времето го поминувала најчесто со стари луѓе и животни. Ја чувале на планини и бачила. Времето го поминувала со животни, спиела со кози. Локацијата ја менувале често, на секои 2-3 недели. Додека патувале, во близина на патарините и викале да се наведне за да не ја забележат полицајците, ја удирале секогаш кога ќе ме споменела, самата се ми раскажа, додава мајката на Александра.

Шест годишното девојче многу ретко се гледала со таткото. Таа од мај до сега воопшто немала контакт со него. Постојано била со бабата и повремено со чичкото кој им носел алишта.

Татјана е децидна, правдата ќе ја бара до крај, како и максимална казна за оние кои ја одделија од ќерката.

Во меѓувреме, ќе се погрижи за нормализирање на здравствена состојба на Александра и надополнување на загубеното време со ќерката.

Извор курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1