Сирија нема да потклекне под притисокот со воени закани од Западот, па дури со тоа и да предизвика Трета светска војна, изјави сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мокдад.
– Сириската Влада нема да го промени својот став, па дури и да дојде до Трета светска војна. Ниту еден Сириец не може да ја жртвува независноста на својата земја, изјави Мокдад. Тој нагласи дека сириските власти ги преземаат сите неопходни мерки и дека вооружените сили се подготведи да дадат соодветен одговор на евентуален напад.
– Тоа е наше право и нашите сојузници како Русија и Иран ни даваат секакава поддшка, потенцира Мокдад, одбивајќи да открие детали за каква поддршка станува збор.
Руските власти стравуваат од можноста при воздушните напади врз Сирија да биде погоден нуклеарниот истражувачки реактор во близина на Дамаск и за тоа следната недела ќе предупредат на состанокот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Дека денот на нападот врз Сирија се ближи укажува и прераспоредувањето на турската војска на границата со Сирија. Освен тоа, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл пред Конгресот на САД недвосмислено најави дека “нападот врз Сирија нема да биде само симболичен” и дека значително ќе ја намали воената моќ на претседателот Башар ал Асад.
Списокот на цели во Сирија во моментот се допрецизира и врз нив би можело да се дејствува веднаш откако претседателот Барак Обама ќе даде зелено светло. Главната цел на таквата операција ќе биде да ги ограничи можностите на сириските власти да употребат хемиско оружје и истакна дека и сириската армија се подготвува за напад со тоа што го преместува оружјето и превезува доброволци кон објектите, кои би можеле да се цел на напади, за да формираат жив штит. Стаса информацијата И од западните разузнавачки агенции кои тврдат дека Сирија располага со илјада тони хемиско оружје, за кое се смета дека е складирано на 50 локации во градовите и населените места, а дека сириските научници работат на создавање нова генерација хемиско оружје.
Од друга страна, не се знае кој се располага со хемиско оружје во Сирија. Имено, Русија ги обвини сириските бунтовници дека употребиле хемиско оружје кај Алепо во март. Владимир Путин го нарече американскиот државен секретар Џон Кери лажго затоа што пред Конгресот негираше дека Ал Каеда се бори заедно со опозицијата, иако е свесен дека таму постои организацијата Џабат ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда.