Го загубивме Чековски до крајот на Евробаскет – скинал мускул


cekovski golema

Кошаркарската репрезентација на Македонија во продолжението од Евробаскет 2013 ќе мора да настапува без повредениот Ѓорѓи Чековски. Стравувањата во нашиот тим, што се појавија уште синоќа, по завршување на мечот со Литванија, дека повредата на Чековски воопшто не е наивна, добија своја потврда откако крилниот центар на националниот тим замина на детали лекарски прегледи во Љубљана.
Утврдено е дека станува збор за руптура на мускулот (листот) на десната нога, што сигурно ќе го оддалечи од теренот за подолг период. Тоа значи дека селекторот Алеш Пипан до крајот на Европското првенство останува без услугите на Чековски, а со тоа значително ќе бидеме ослабени под кошевите, таму каде што и онака бевме најранливи на средбата против Литванците.
Но, против повредите не се може, останува сега останатите кошаркари да го надоместат отсуството на Ѓорѓи Чековски, а првиот испит ќе го имаат вечерва (21 часот) против селекцијата на Србија, која досега нанижа две победи на шампионатот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1