Од овој месец се забранува продажбата на готово мелено месо. Доколку сакате да купите мелено месо, ќе си одберете парче и ќе ви го сомелат! Ќе има и спакувано мелено месо, но само од овластен преработувач.
Ова е пропишано со правилникот за квалитет на меленото месо, кој стапи во сила од 1 септември.
Во Агенцијата за храна велат дека можеби сега за нијанса ќе поскапи месото, но ќе биде гарантиран квалитетот, а граѓаните точно ќе знаат што има во месото што го купуваат.
Многу често, до сега, со рефус меленото месо купувавме соја, масно ткиво, делови од кожа и коски. Сега ќе платиме поскапо, но барем ќе јадеме чисто месо.
Faktor.mk