Врз основа ранг листата на консултантската куќа Дилојт „Топ 500 компании во Централна Еврпа“, направена е листа со најмоќните луѓе во регионот. На ова листа се наоѓаат имињата на менаџери во нафтените компании и трговските гиганти. Еве кои се најмоќните Балканци:
Золтан Алдот – претседател на УО на хрватската нафтена компанија ИНА.
Ивица Тодориќ сопственик на хрватскиот гигант Агрокор кој се занимава со производство на храна и пијалоци и малопродажба. Вработува 60.000 луѓе во регионот.
Јанез Живко – прв човек на словенечката државна нафтена компанија Петрол
Тони Балажиќ – прв човек на словенечки Меркатор
Вук Хамовиќ – основач на ЕФТ групацијата, водечка енергетска компанија во регионот на југоисточна и централна Европа.
Кирил Кравченко – претседател на УО на Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Блаж Кошорок – претседател на УО на ХСЕ Групацијата од Словенија.
Томислав Шериќ – директор на хрватското електростопанство