Најпознати пророштва кои се оствариле (Видео)


Некои од најимпресивните предвидувања на големите умови во историјата можеби звучеле смешно во дадениот момент, но на крајот сепак се покажале како вистинити.

prorostvaЛегендарниот писател на научна фантастика, Артур Кларк, во една прилика изјавил:

“Кога некој пророк би можел да опише како ќе изгледа иднината, неговите предвидувања би звучеле толку смешно и апсурдно, што сите би го исмејувале”.

Колку и да звучеле неостварливи и смешни во минатото, некои предвидувања на големите умови сепак се оствариле.

1660. година – Еден ден луѓето ќе можат да трансплантираат органи од едно во друго тело

Уште во 1660. година Роберт Бојл напишал дека болестите ќе може да се лечат преку трансплантација на органи.

Со оглед дека живеел во период на магии и празноверство, неговата мисла била изненадувачки напредна.

Покрај трансплантацијата, тој предвидел и појава на GPS.

1783. година – Во САД до 1983-тата година ќе има 300 милиони жители

Анализирајќи го порастот на населението, Езра Стајлс, тогашен декан на универзитетот Јеил, предвидел дека за 200 години од тогаш, во САД ќе има 300 милиони жители. И погодил!

1840 година. – Алексис де Токевил ја предвидел Студената војна

Во своето дело “Демократија во Америка” пишувал за две различни големи светски нации, кои имаат исти цели. Станува збор за Русија и САД, а двете сакаат во свои раце да ја држат судбината на целиот свет.

1863. година – Кога биле познати 60 хемиски елементи, руски хемичар тврдел дека постојат уште 40

Димитри Менделеев уште во средината на 19. век имал идеја за денешниот периодичен систем на елементи. Во времето кога биле познати само 60, тој измислил периодичен систем со кој точно ја предвидел тежината и својствата на уште 40 неоткриени елементи.

1865. година – Жил Верн предвидел слетување на Месечината

Сто години пред Аполо 11 да слета на месечината, познатиот писател Жил Верн напишал приказна за тоа со наслов “From the Earth to the Moon”. Дури и знаел дека ракетата ќе полета од Флорида, името на бродот и точниот број на астронаути.

Тоа што е најчудно од се’ е фактот што го погодил и безтежинското стоење во вселената, иако во тоа време се’ уште не се знаело дека во вселената не постои гравитација.

1898. година – Во кратка приказна, Морган Робертсон го предвидел потонувањето на Титаник

Во своето дело со наслов “Futility, Or The Wreck of the Titan”, овој писател ја предвидел судбината на Титаник. Најголемиот брод некогаш направен ќе се судри со санта мраз и ќе потоне.

1909. година. Никола Тесла ги предвидел безжичните уреди

“Наскоро ќе има можност за пренесување на безжични пораки ширум светот, и тоа на многу едноставен начин, што ќе може секој човек да има таков уред и да управува со него”, изјавил Тесла за New York Times во далечната 1909. година.

1914. година – Х.Г Велш ја предвидел атомската бомба

Овој познат писател во своето дело “The World Set Free”, опишал како една атомска бомба ќе може да уништи цел град. Иако не бил запознаен со начинот на кој тоа би можело да се случи, имал мали познавања за радиоактивните елементи.

Но, бил сигурен во едно, кога луѓето ќе го направат тоа, ќе се случуваат многу лоши работи. И бил во право!

1988. година – Исак Асимов го предвидел интернетот

Писателот на научна фантастика предвидел дека ќе се користи интернет во образованието. Изјавил дека учениците и студентите ќе можат да го користат интернетот за добивање на многу информации, но и за учење.

1993. година – Фирмата AT&T ги предвидела денешните таблети

Во својата кампања со наслов “You WIll” компанијата AT&T снимила видео во кое се гледа некоја чудна направа со која ќе можете да праќате пораки од плажа. Станува збор за таблетот каков што го знаеме денес.

2006. година – ТВ серијата Стажисти предвидела каде се крие Бин Ладен

Во една епизода од една популарна американска серија било споменато дека Бин Ладен треба да се бара во Пакистан. Иако звучи како случајност, фактот е дека токму таму го пронашле американските војници.

2006. година – Претседателот на инвестициската куќа Euro Pacific Capital ја предвидел светската финансиска криза

Петер Шиф прогнозирал дека ќе се случи светска рецесија уште во 2006-тата година. сите тогаш му велеле да молчи и да не се бламира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1