Во текот на трите четвртини имавме предност, но четвртата беше пресудна кога босанците одиграа феноменално, а Телетовиќ не знаеше да промаши од линијата за три.
Токму Телетовиќ им ја донесе големата победа на босанците со 22 поени, а од нашиот тим најефикасни беа Бо со 19 поени и Антиќ со 17 поени.
Дефинитивно македонските кошаркари денес беа многу далеку од играта која ја покажаа на натпреварот против Србија. Утре мораме да ја совладаме Латвија, а се друго е математика.
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, на пресот по мечот ги кажа своите видувања за поразот од Босна и Херцеговина:
„По победата над Србија, моите кошаркари на овој натпревар влегоа премногу опуштено а БиХ го искористи тоа и забележа заслужена победа, затоа што беа подобар противник во текот на натпреварот но поготово, во последната четвртина каде тотално не надиграа.
Како главна причина за поразот морам да ја наведам лошата одбрана која ја имавме на овој натпревар, но и проблемите со скокот, кои премногу често се јавува. Но како и да е, сугерирам денешниот натпревар да се заборави а утре, со полни сили да тргнеме на натпреварот против Летонија, каде мораме да победиме“, изјави Пипан.