Женски труп пронајден во Кичево, можно да е исчезнатата Валери?


Женски труп бил пронајден попладнево во Кичево во близина на хотелот Панорама, дозна Курир.

Според информациите, трупот бил во фаза на распаѓање, а бил откриен во шумата во близина на хотелот.

valeri11Од полицијата за Курир потврдуваат дека имаат пријава за пронајдено починато женско лице околу 18:45 часот. Детали не се соопштуваат бидејќи увидот се уште трае.

Постојат сомневања дека починатата е Валери, бидејќи според информациите до кои дојде Курир пронајдени биле патики, чанта, облека и други предмети кои се слични и наликуваат на описот на предметите кои насебе ги носела Валери дента кога исчезнала, а опишани од нејзиниот сопруг.

Таа е пријавена за исчезната од 25 јули. За информација околу нејзиното пронаоѓање, сопругот на Валери пред неколку дена понуда парична награда во износ од 5.000 евра.

Од полицијата за Курир велат дека се уште не е утврден идентитетот на починатата и засега не можат да потврдат дали станува збор за Валери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1