Прочуениот автор на научнофантастични книги, познат по “Трите закони на роботиката”, 1964-та година реши да ги понуди своите видувања за светот во 2014-та година.
Ова се некои од неговите предвидувања:
-Во кујната ќе се наоѓаат уреди кои ќе прават “автоматизирани оброци”, ќе загреваат
вода и ќе ја претвораат во кафе.
-Уредите во 2014 нема да имаат кабли.
-Комплетните обоци, со полуспремена храна, ќе бидат сместени во единиците за
ладење
-До 2014 година бродовите на Марс ќе слетуваат без луѓе, иако човештвото работи на
тоа да испрати човек на неговата површина
-Сателитите кои ќе крстарат низ вселената, ќе ни овозможат да се поврземе со било
кое место на Земјата
-Комуникацијата ќе биде во форма на звук и вид, и ќе можеме да ја видиме и слушнеме личноста со која комуницираме преку телефон
-Всушност, една од популарните работи во 2014-та година ќе бидат и 3Д телевизорите
кои ќе го надминат сето она што сме го виделе до сега.
Повеќе на think.mk