Чавез молеше да не умре, Џек Даниел побара виски – Последно што рекоа пред смрта


На крај, Курт Кобејн порача мир, љубов, сочувство, Чавез молеше да не умре, Џек Даниел замоли за уште една пијачка, а Толстој се распрашуваше за селаните.

6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricity– Не ме прашувајте како сум! Ништо повеќе не разбирам.
Ханс Кристијан Андерсен

– Простете господине. Не беше намерно.
Марија Антоанета (пред да биде погубена, откако случајно го згазнала џелатот дури се движела кон гилотината)

– Не сакам ништо освен смрт.
Џејн Остин (кога сестра и Касандра ја прашала дали и треба нешто)

– Кој е? Кој е?
Били д Кид

ugo caves– Не сакам да умрам. Ве молам, не давајте да умрам.
Чавез

– Долго не сум пиел шампањ.
Антон Чехов (докторот му дал шампањ откако увидел дека се безуспешни сите обиди да му се ублажат симптомите од туберкулозата)

– Смачено ми е од сè.
Черчил (пред да западне во кома, а починал девет дена подоцна)

– Подобро да изгориш отколку да избледеш…Мир, љубов, сочувство.
Курт Кобејн (во пораката што ја напишал пред да се самоубие)

– Каде ми е часовникот?
Салвадор Дали

– Колку е часот?
Кемал Ататурк

djek– Уште една, последна пијачка, ве молам.

Џек Даниел

– На земја!
Чарлс Дикенс (доживеал инфаркт близу својот дом и побарал да го легнат на земја)

– Го навредив Бог и човештвото затоа што мојата работа не го достигна потребниот квалитет.
Леонардо да Винчи

– Но селаните… како умираат селаните?
Лав Толстој

– Збогум. Ако се сретнеме…
Марк Твен

– Умирањето е лесно, комедијата е тешка.
Џорџ Бернард Шо

 

on.net.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1