Пронајден по 4 месеци откако исчезнал на Андите – јадел стаорци за да преживее (Видео/Фото)


Уругваецот Фернандо Гомез Сиркунегва (58), кој четири месеци беше прогласен за исчезнат за време на снежна бура на Андите, е пронајден жив од страна на една аргентинска спасувачка екипа.

606x341_238104_a-man-found-alive-after-4-months-los

Чирчунегва во мај годинава се обидел со својот моторцикл да ги премине Андите, од Чиле во Аргентина, но моторциклот му се расипал во текот на една силна снежна бура, па тој останал сам и залутал во зафрлените реони на највисоката планина во Јужна Америка.

Спасувачите го пронашле на височина од 2800 метри.

Лекарите од аргентинската болница каде што Сиркунегва бил однесен по проаноѓањето, соопштија дека е дехидриран и дека загубил 20 килограми од својата телесна тежина, но дека сепак веруваат оти ќе се опорави.

Raúl Fernando Gómez CircuneguiВо првата куса изјава за еден уругвајски весник, Сиркунегва откри дека се хранел од она што го понел со себе кога тргнали на својот опасен поход преку Андите, како и со храната што ја наоѓал во планината или ловејќи стаорци.

Во 1972 година, 16 членови на еден уругвајски рагби тим, останаа заробени 72 денови во реонот на Андите, откако при една снежна бура се урна нивниот авион со 45 патници.

Рагибистите патуваа за Чиле од аргентинската страна на планината, а патниците кои останаа живи по падот на авионот, преживеаја јадејќи делови од телата на своите загинати другари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1