Уште една личност од порно индустријата е позитивна на ХИВ, со што кај четири актери досега е потврдена заразата.
Иако претставниците на АИДС здравствената фондација (AHF) тврдат дека, засега, нема простор за паника, меѓу инволвираните во порно индустријата таа мошне брзо се шири.
Мишел Вајнстин од фондацијата изјавила за Хафингтон пост дека уште еден маж е ХИВ позитивен, но одбила да каже за кој точно станува збор.
Паниката почна кога се дозна дека порно актерката Камерон Беј е ХИВ позитивна, а веднаш потоа дека е заразено и нејзиното поранешно момче Род Дејли.