Внимавајте – телфоните iPhone 4S, експлодираат – регистриран нов случај


На една загребчанка викендов нејзиниот iPhone 4S и заѕвонил и експлодирал крај главата откако во текот на ноќта бил вклучен на полнење. претходно телефонот заѕвонил, но бидејќи спиеле сите Љубица споро реагирала и го оставила на ѕвони. Станала и тргнала накај телефонот кога iPhone заѕвонил по втор пат и експлодирал. На телефонот било пукнато стаклото, а звучниците поради експлозијата воопшто не постоеле. Парчиња се разлетале по целата просторија.

iphone-eksplodirao-zgИнтересно е тоа што и покрај експолозијата телефонот и понатаму работел. Полначот бил неоштетен.

Прво помисливме да не е краток спој, но сите инсталации беа нечепнати, штеќерот во ред, а и надвор беше убаво времето немаше грмење или некоја бура, изјавил сопругот Зоран.

Шок доживеале и кога го однеле од каде што го купиле да им го заменат или сервисираат. Прво ги обвиниле дека лажат и дека телефонот им паднал, а потоа ги известиле дека тој дефект не е под гаранција и поправка ќе ги чини 1600 куни.

Слични случаи на експлозии на телефоните на „Apple“ се случиле повеќе пати во речиси сите делови од светот. Последниот случај беше пријавен во Британија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1