Еци пеци пец – Американците ќе бидат проверувани на аеродромите на жрепка


Американските патници, избирани на жрепки, наскоро ќе може да ги избегнуваат редиците за проверки по аеродромите во САД, соопшт извод во Американската управа за сообраќајна безбедност.

investigation-reveals-most-airport-security-incidents-come-employeesПатниците, кои ќе ги избегнат проверките, ќе бидат одредени по случаен избор од списокот со патници со „низок ризик за безбедноста“. Тие што ќе бидат избрани преку жрепки, меѓутоа, ќе ја дознаваат „убавата вест“, дури откако ќе го добијат својот билет.

Седум американски авиокомпании оваа процедура ќе почнат да ја применуваат прво на 40, а потоа и на 100 аеродроми во САД.

Програмата за олеснета контрола со жрепки нема да се однесува на странците, со исклучок на Канаѓаните.

Таа предвидува патниците да се запишуваат претходно на список, на кој ќе оставаат основни информации за себе, како што се име, датум на раѓање и друго. За запишување на списокот тие, меѓутоа, во рок од пет години ќе треба да платат сума од 85 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1