Директор продавал инвентар од школо, а парите си ги земал за себе


mit0

ПС Делечево поднесе кривична пријава против М.С.(54) од Делчево поранешен директор во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Делчево за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според полицијата, во периодот од 2009 до 2012 година, пријавениот без согласност на надлежната комисија на училиштето извршил продажба на стар инвентар (фрижидер, електричен алат, столчиња, маси и сл.) од училиштетото, а паричните средства ги присвојувал за себе, а потоа без одлука на Комисијата за јавни набавки набавил нов инвентар и вршел поправка на грејни тела. Исто така, без одобрение од Министерството за образование ја вработил и неговата сопруга во училиштето. На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на училишетото за износ од 1.548.030 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1