Преполно е од малите животинки. Тие многу брзо можат да се појават насекаде: на нозете, рацете, во вашата коса, па дури и во ушите. Мравките во Минхен буквално ги бркаат родителите и нивните деца од игралиштата.
„Тие имаат потенцијал да се рашират низ централна и северна Европа“, предупредува Вите.
Шестножните легионери веќе го зазедоа универзитетскиот град Тибинген, околу 200 километри северо-источно од Минхен.
Според Бернард Зајферт од Зенкенбергскиот музеј на природна историја во германскиот град Горлиц, тие биле донесени тука со чакалот, донесен од Алпите, кој бил користен при изградбата на универзитетскиот кампус.
„Од кампусот сега се проширија низ целиот центар на градот“, вели Зајферт.