Последниот случај за платено крвничко претепување на штипјанецот Д.И., ги вознемири штипјани. Денеска полицијата ги откри нарачателот и платеникот.
– СВР Штип поднесе посебен извештај против Г.Д.(27) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ казниво по чл. 123 ст.2 т.4 ( од користољубие) и т.5 ( по порачка), а во врска чл. 19 од КЗ на РМ и П.В.(62) од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ казниво по чл.123 ст.2 т.4 ( користољубие или други ниски побуди) а во врска чл.19 ( обид) и чл.23 (поттикнување) од КЗ на РМ – појасни Зоран Зафиров, портпарол во СВР-Штип.
Извори од истрагата за Канал пет велат дека за нешто над илјада евра, насилникот Г.Д. на ова место во јули ова лето, го пречекал Д.И. Со намера да го лиши од живот крвнички ја претепал својата жртва. Вревата на исплашените соседи му ја прекинале убиствената намера. Со тешки телесни повреди, претепаното момче е пренесено на скопската Клиника. Полицијата се уште е во потрага по избеганиот платеник,а Истражен судија од штипскиот Основен суд на нарачателот му изрече мерка притвор од 30 дена.