Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Повремени сончеви периоди ќе има во јужните и југозападните предели. Локално може да наврнат и до 20 литри дожд. Ќе дува умерен западен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 5.
Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C.
Во сабота ќе биде претежно сончево и ветровито со пад на температурите. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен северозападен и западен ветер. Утринските температури од 4°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 30°C. УВ индекс 6.
Во недела по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 6.
Weather4all.com.mk