Друштвото го организираше изборот да с еобрне внимание на овие видови животни од кои голем дел се загрозени, а „победникот“ односно најгрдото животно е прогласено на научен собир во Њукасл.

ves-41-Psychrolutes marcidus живее на длабочина од 600 до 1 200 метра во водите во Тасманија и Австралија. Тоа  е рибата која во конкуренција на „смачкани“ жаби, мајмуни, вошки и други грди суштества излезе најгрда.

Биологот Сајмон Ват, претседателот на Друштвото за зачувување на грди животни, за Би Би Си изјави дека оваа кампања ќе помогне за опстанокот на „ овие чудни но прекрасни суштества“.

– Нашиот пристап кон животните е егоистичен. Ги штитиме само оние со кои можеме да с еповрземе бидејќи се слатки – вели Ват, според кој ова е погрешно. И на грдите треба да им се посвети внимание и да се обезбеди нивниот опстанок.