Македонија го укина условениот увоз на брашно – мерката за Косово се уште важи


Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука мерката за условен увоз на брашно да престане да важи на 15 септември во 00 часот, информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашната прес-конференција.

pesevskiЗа укинувањето, како што рече, е информирана и Косовската влада.

– Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да го одлучи Косовската влада, рече Пешевски.

Прецизира дека македонската мерка е направена на тој начин што по автоматизам ќе биде укината веднаш по укинувањето на косовската поради што, како што рече, не е потребно Владата да носи одлука на посебна седница

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1