Ќе се урива милионскиот „Аква скај“ на струшкиот бос Дилавер Бојку-Леку


Градоначалникот на Струга Зијадин Села да се справи со објектите на Дилавер Бојку-Леку, лоцирани на струшката плажа, познати како „Аква скај“, откако неговиот син завчера од МВР заработи кривична пријава поради незаконска изградба на ресторан и 13 бетонски бунгалови, како и за узурпација на недвижности и за бесправна градба, пишува Дневник.

dilaver bojku lekaУривањето на бесправно изградените објекти во Струга летово го актуализира токму Села кога на кејот на Дрим меѓу урнатите шанкови беше и „Блу скај“ на Дилавер Бојку-Леку. Тогаш градоначалникот изјави дека ќе го тужи Министерството бидејќи дозволило незаконски концесии, а сега бара тој да ги урива објектите. Села тогаш најави дека ќе се уриваат сите бесправни објекти, но не прецизира кога ќе се донесе таква одлука.

Kривичната пријава за објектите на плажата синот на Бојку ја добил бидејќи бунгаловите ги изградил на државно земјиште без договор за негово користење. Според МВР, тој во април 2010 година склучил договор со Министерството за транспорт и врски за краткотраен закуп од две години на плажа во Струга. Според договорот, Е.Б. како концесионер имал обврска земјиштето да го уреди како отворена плажа, односно да постави отворен пункт со шанк, кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви. Наместо тоа, тој на плажата изградил објекти од тврда градба од затворен тип.

„Дневник“ веќе пишуваше дека на струшките плажи како и на кејот на Дрим најмногу бодат очи објектите поставени на плажата, која под концесија ја има семејството Бојку. Во објектите, препознатливи по името „Аква скај“, има голем ресторан, бунгалови, маркет, платформа со шанк-кафуле и лежалки во езерото, тобоган, рентакар, а 70 отсто од плажата е прекриена со бекатон-плочки. Стружани овој дел од крајбрежјето го нарекуваат и нова Струга. За делото што го товарат синот на Леку, според Kривичниот законик, предвидени се парична или затворска казна до три години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1