СМРТ за четворицата силувачи во Индија кои убија студентка


Четворицата кои во декември минатата година претепаа и силуваа 23 годишна студентка во автобус во Њу Делхи се осудени на смрт.

indija 1Девојката од повредите почина во болница. Таа беше нападната од шестмина, од кое еден се самоуби во затвор, а уште еден бидејќи е малолетен доби казна 3 години во поправен дом, што е најголема казна з амалолетници во индија. Останатите четворица ќе бидат обесени. Судијата Јогеш Кана го отфрлил барањето на адвокатите за ублажување на казната – јави Ројтерс.

Злосторството кое беше извршено анд девојката во декември минатата година, предизвика повеќемесечни протести во Индија. Целата земја се крена против несигурноста на животот на жените кои се честа мета на брутални напаѓачи. Јавноста бараше смртна казна за силувачите за тоа злосторство еднаш засекогаш во Индија да запре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1