Најголемите светски умови: “Ќе го спасиме светот од астероид и нуклеарна апокалипса”


Некои од најголемите британски умови “се фрлиле” на пронаоѓање на начин за спас на светот, во случај на Земјата да и се случи некоја од катастрофите кои би имале страшни последици за човештвото.

Предводени од астрономот Мартин Рис, славните научници како физичарот Стивен Хокинг и поранешниот претседател на Кралската академија на науки, Роберт Маја, основале група која ќе направи попис на катастрофални сценарија, од терористички хакерски напади до компјутери убијци.

Asteroid headed for Earth“Доколку откриеме дека астероид ќе удри во земјата, можеме само да се молиме – Шокантно признание на шефот на НАСА”

Иако е можно Земјата да биде погодена од астероид и да го избрише животот на неа, Рис вели дека сега “главната закана по човештвото доаѓа од самите луѓе, а не од природата”.

“Многу научници се загрижени дека развојот на технологијата може да постави ризици кои ќе достигнат такво ниво, што ќе можат да го загрозат опстанокот на целиот наш вид”, стои на веб страната на центарот, во чија работа ќе учествува и филозофот од Кембриџ, Хју Прајс, економистот Парт Дасгупта и генетичарот од Харвард, Џорџ Чурч. Парите за основање на центарот ги дoнирал Јаан Талин, ко-основачот на Скајп.

Професорот Дејвид Спигелхалтер, експерт за ризици на Кембриџ, изјавил дека се поголемото влијание на технологијата, ја прави заедницата многу ранлива.

“Користиме меѓусебно поврзани состави за се’, од електрична енергија до банкарство, што значи дека можеме да завршиме во големи проблеми доколку работите тргнат на лошо или некој ги саботира. Во модерната и ефикасна заедница, ние веќе не создаваме храна. Доколку од било која причина снема пченица, за 48 часа ќе настанат нереди”, изјавил Спигелхартер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1