На ужас на љубителите на вино, во светот се појави тренд белото вино да се бои во црвено, што тргна од Нов Зеланд и Чиле.
Кога кон крајот на минатата година на полиците се појави првиот црвен совињон блан, веднаш доби назив совињоар, `новозеландско-чилеанско` копиле.
Виното е мешавина од 95 отсто домашно новозеландско совињон и 5 отсто чилеанска боја.
Креаторот на таа винска симбиоза е угледниот новозеландски винар Питер Јуланѕис. Одредена количина од новото вино веднаш е увезена во Азија и во САД:
Производителот не се возбудува многу заради обвиненијата дека тоа е `винско богохулење`, туку го мачи тоа што бојата мора да ја увезува, па веднаш насадил два хектари овошје за таа намена.
Тој е уверен дека за неговата мешавина има убава иднина на пазарот.
Според важечките закони, виното има право да се вика совињон блан, ако сортноста е поголема од 85 отсто, а производителот се гордее со новиот назив `совињоар` и сака тоа вино да го види на полиците со црвено вино, иако трговците упорно го ставаат меѓу розе вината.
Макфакс