Скопје ќе добие нови осум моста


Нови мостови  се потребни на метрополата, а откако Град Скопје ќе ги заврши двата пешачки моста што неодамна ги најави, следни приоритети ќе бидат сообраќајните премини преку Вардар. Новиот Генерален урбанистички план (ГУП) предвидува изградба на осум нови моста – некои пешачки, некои за возила, а сите со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двата брега на реката.

skopje7Градските власти неодамна ја презедоа обврската за изградба на два моста за пешаци, на двата краја од Скопје. Првиот ќе ги поврзува населбите Ново Лисиче и Маџари, поточно од последната станица на автобуската линија „15“ кон Вардариште. Вториот мост ќе се гради на Матка, а Град Скопје веќе ги распиша огласите за избор на идејно решение, пишува Дневник

Скопјани за преминување преку реката на располагање имаат 15 моста, меѓу кои во Сарај, Хром, „Обединети нации“, пешачкиот мост „Газела“, „8 Септември“, пешачкиот кај Влада, „Гоце Делчев“, Kамениот мост, „Око“, Мостот на уметноста, „Слобода“.Следуваат Мостот на револуцијата, кај Транспортен центар, еден пешачки мост и мостот „Тодор Александров“, поранешен „Близнак“.

Откако ќе бидат завршени двата пешачки моста, следен што ќе го гради Градот е сообраќаен и тоа во Аеродром, кај салата МЗТ. Според направените анализи, потребата од неговата изградба е итна. Но, ќе се гради кога градскиот буџет ќе биде доволно силен за такво нешто.

Во истата општина, но во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП е зацртан и сообраќаен мост кај улицата Индустриска, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари.

Мост што има шанси поскоро да биде изграден е тој што е предвиден во Kарпош, како продолжение на улицата Љубљанска, која поминува покрај „Сити мол“.
Во Kарпош е планиран и друг мост преку Вардар, мошне посакуван и атрактивен, како продолжение на булеварот Илинден. Овој булевар е зацртан преку Влае, покрај брегот на реката Лепенец, до Волково, каде што треба да излезе на северната обиколница

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1