Законот не забранува правење зимница на јавни површини


Ниту една казна досега не е изречена на граѓаните кои се одлучиле националното јадење ајвар да го направат на јавни површини. Од Град Скопје и општините со кои контактиравме велат дека поставувањето ќумбиња на отворено и палење оган е казниво, но досега не изрекле ниту една казна, пренесува Вечер.

ajvar2-630x472Сезоната за правење зимници е во полн ек. На пазарите најмногу се бара ајварката, модриот патлиџан, морковите. Време е за приготвување на омиленото национално јадење – ајварот. Многу од граѓаните се жалат дека се уште не им е јасно дали правењето ајвар е казниво дело, па велат дека не знаат дали да ги палат ќумбињата или да ја прескокнат оваа сезона. Оние со приватни дворови се најопуштени, па веќе ги полнат теглите, оние со викендички, а што живеат во згради заминаа таму, но останатите се думаат.

Според Законот за јавна чистота нигде не е предвидено дека правењето ајвар на јавни површини е казниво дело. Она што е казниво е всушност поставувањето на ќумбиња на отворено, палење оган и оставање неред. И покрај тоа што по овој основ инспекторите може да казнуваат, тие признаваат дека досега ниту еден граѓанин не е казнет затоа што правел зимница на јавни површини.

– Законот не забранува правење на зимница на јавни површини. Она што подлежи на казна е палењето на оган на отворено. Тоа пак значи ако некој граѓанин се одлучи да прави ајвар на јавна површина притоа тоа да го прави на електричен шпорет воопшто не е казниво или пак може да користи буково дрво кое е чисто, велат од секторот за инспекции на Гази Баба.

Во Општина Центар посочуваат дека граѓаните сепак немаат право без одобрение на јавни површини да поставуваат ќумбиња и палење на оган. Од Карпош, пак дека немало потреба некој да казнат бидејќи многу ретко се случувало граѓаните пред зграда да прават зимници.

Законот за јавна чистота стапи на сила во 2008 година. Ако претходно инспекторите можеа само да ги опоменуваат граѓаните со новиот Закон се додаде и мандатната казна. Ако инспекторот изрече мандатна казна на некој граѓанин којшто пали оган на јавни површини или остава отпад тој ќе треба да плати 50 евра.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1