Македонски шпиони: Гркот кој ја шпионираше Македонија околу името


За македонската јавност интересен беше случајот со најпознатиот грчки шпион Ставрос Лалас, кој на времето му помагал на грчкиот премиер Андонис Самарас да води дипломатска битка за името. Лалас за ова проговори во изјава за грчките медиуми.

Ставрос-ЛаласТој работел во Стејт департменот во одделот за комуникации, но и во повеќе амбасади, а паралелно испраќал доверливи документи до грчката влада. За своето искуство Лалас говори отворено за весникот „Параполитика“, откривајќи досега непознати факти.

„Со мои документи за Скопје, во 1992 година Самарас отиде во Европа како министер за надворешни работи. На беспрекорен начин ги искористи документите што тогаш ги имав дадено на разузнавачката служба. Многу сериозни работи имаше во нив и добро ја заврши работата. Знаеше за мене и јас знаев за него. Тогаш работев во американската амбасада“, раскажува Лалас за грчкиот весник без да открие детали што точно содржеле документите што му ги подготвил на Самарас. Додава дека актуелниот грчки премиер го заштитил и покрај тоа што знаел кој е, тој не го издал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1