Подравка ја повлекува „Ева сардина“ од продавниците


Подравка денеска објави дека ја повлекува од тезгите на продавниците конзервата Ева сардина со лук и магдонос од 115 грама, а со рок на употреба до 9 јули 2017 година, јавија хрватските медиуми.

eva-564x272Производот се повлекува поради тоа што внатрешната контрола утврдила физичко оштетување на лименките поради што тие можат да напукнат.

Од компанијата во Копривница велат дека, со цел целосно да ги заштитат своите потрошувачи, веднаш реагирале и почнале со повлекување на спорната серија Ева сардини од продавниците.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1