Скопското матично има пишман-папка – невести црнкињи, бракови од интерес…


Невестите често го грешат презимето кога се потпишуваат во книгата за венчани, некои глумат дека размислуваат неколку минути пред да кажат „да“, но матичарите од службата во Центар велат дека досега не им се случило некој пред нив на прашањето дали ќе стапите во брак да одговори со „не“. Имало случаи кога на закажана регистрација двојките не доаѓаат или кога втор пат венчаваат исти младенци, кои по разводот одново сфатиле дека се еден за друг, пишува Дневник.

maticno nevestaИмало случаи кога младоженците не се појавиле на закажаниот термин. Тоа се случува понекогаш поради смрт или болест на некој близок. По некој месец тие повторно доаѓаат и им закажуваме нов термин. Тогаш ја отвараме пишман-папката, како што си ја викаме ние на шега. Има и такви што неколкупати одложуваат – раскажува за Дневник матичарката.

Таа вели дека се склучуваат и бракови од интерес. посебен впечаток ~ оставил бракот меѓу 24-годишна невеста и 76-годишен младоженец, кој се склучил ова лето.

– Тоа се чувствува, едноставно лебди во воздухот, но ние не можеме ништо да сториме. Тие што склучуваат таков брак законски си го направиле тоа, си поднеле документи, се потпишале. И двајцата беа од Македонија. Тој беше 52 години постар. Ние дури побаравме потврда од лекар дека младоженецот е психички здрав, за евентуално да не биде искористен. Се покажа дека с` е во ред и бракот беше склучен – истакна Ангелковска.

Се сеќава и на интересна случка кога невестата дошла со бебе.- Додека се читаше Законот за брак, таа го нишаше бебето, кое плачеше. На крајот ја извади градата и му даде да цица – раскажува Ангелковска и додава дека често младенците доаѓаат само со двајца сведоци и во работни денови, без раскошни венчаници и веселби.

На една венчавка синот и ќерката на младенците им биле сведоци. Има и бракови со странци.

– Најчесто со Срби, Бугари, Босанци и Грци. Но, ги има и од Индија, Тајван, Индонезија, Америка, Австралија. Имавме и невеста црнкиња од Јамајка, која тука се омажи со Македонец. Работат на брод, таму се запознале и склучиле брак, кој потоа го легализираа и овде. Има и наши печалбари што доаѓаат во Македонија за да се оженат – вели Ангелковска.

Целата сторија на Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1