Сите ќе умрете, некои после, некои сега!


Билбордите со цртежи од човечки фигури и невообичаени пораки кои пред околу една недела се појавија во Скопје се уметнички проект, но за некои од жителите пораките се вознемирувачки, па дури и навредливи.

Сигурни ли сте дека утрово го облековте вистинскиот пол ?”, Има една голема тајна за сексот: На многумина не им се допаѓа”, Биди маж, оженствени се”, Сите ќе умрете, некои после, некои сега”, се само дел од пораките кои ги зачудија и им ги дигнаа веѓите на многумина скопјани, пишува Вечер.

bilbord skopje kje umrete

Билбордите со илустрации (цртежи) од луѓе комбинирани со пораки се дел од уметничкиот проект насловен Сета убавина мора да умре”, плод на работата на авторот Велимир Жерновски. Проектот бил поставен на јавните површини во градот по повод Денот на независноста и, како што објаснуваат дел од домашните портали, претставува уметничка критика на основните претпоставки на државотворноста и независноста.

Сепак, необичните пораки, наидоа на различни реакции и дефинитивно ги анимираа оние кои секојдневно минуваат под нив, а некои ги оценија како вознемирувачки.

Во минатото полемика околу тоа што се може да се најде на билборд имаше кога во Скопје се појави реклама за средство за чистење кое беше илустрирано со светнатите фрески од чудото во црквата “Св. Димитрија”, за што подоцна беше објавено дека станува збор за уметничко дело кое по само неколку дена беше отстрането.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1