Се самоуби човекот кој беше имун на СИДА и ХИВ


Стивен Крон, Њујорчанец кој ги фасцинира докторите со својата отпорност на ХИВ и АИДС, извршил самоубиство во 66-та година од својот живот.

kron-aids-no-02-286x300Крон бил познат под прекарот “Човекот имун на АИДС”, како што новинарите го нарекле во 1996 година, откако неговиот партнер, гимнастичарот Џери Грин, бил еден од првите жртви на вирусот АИДС. Тој заболел во 1978 година, а борбата со болеста ја изгубил во 1982 година. Потоа, голем број на сексуални партнери на Крон починале од оваа болест.

На крајот  дозволил неговите бели крвни зрнца намерно да бидат изложени на ХИВ, но до зараза не дошло дури ни кога тој бил изложен на концентрација на вирусот илјадници пати поголема од вообичаената.генетската аномалија на крвните зрнца која ја имал Крон е застапена кај само 1% од светската популација, а истата ја спречува заразата. Благодарение на истражувањата направени над крвта на Крон, дошло до пронаоѓање на лекот кој го спречува ширењето на заразата кај заразените пациенти.

Така, во 2006 година еден пациент бил успешно излекуван благодарение на трансплантацијата на коскена срж од донатор со истата мутација како Крон. Крон бил живописен сликар, скулптор и уредник, а работел и како социјален работник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1