Во Србија од грозницата Западен Нил починале досега 25 лица, а официјално се пријавени 210 случаи од ова заболувања, од кои 203 пациенти се хоспитализирани, потврди државниот Институт за јавно здравје.
Според податоците евидентирани до 17-ти септември, од 25 починати, 12 се од српската престолнина Белград, градските и приградските општини покрај реките Сава и Дунав, како и општини од Војводина.
Како што е наведено во соопштението на интернет страницата на институтот „Др Милан Јовановиќ Батут”, сите починати пациенти се постари од 50 години и биле лекувани од некоја хронична болест.
Треската Западен Нил е вирусно заболување, коешто се јавува главно во текот на летото, во услови на високи температури и голема влажност на воздухот. Вирусот го пренесуваат тигрестите комарци.