„Царскиот рез“ е алчност на лекарите за повеќе пари?


Просечно едно од три бебиња кои се раѓаат во САД сега доаѓаат на свет со хируршка процедура царски рез. Едно ново истражување раководено од економистите по здравствена грижа, Ерин Џонсон и Марит Рехави, навестува дека монетарната корист влијае на тоа како акушерите ги советуваат бремените жени околу породувањето, посебно кога станува збор дали да се изведе со царски рез. Тоа вклучува хируршка процедура во замена за вагиналното породување. За време на породувањето со царски рез, лекарот прави засекување во абдоменот и утерусот на мајката, преку кое се извлекува бебето.

poroduvanjeСпоред списанието Фемили едјукејшн, вагиналните породувања се сметаат за побезбедни отколку царскиот рез. Сложената хируршка процедура царски рез го носи ризикот од компликации, и потребно е подолго време за опоравување во споредба со вагиналното продување. Во повеќето случаи, царскиот рез треба да биде опција само под екстремни здравствени состојби, и на мајката и на бебето. Некои индикатори кај мајката за неопходност од царски рез вклучуваат и ризик од пренесување на болести, неможност за поднесување на напор, и помало карлично дно, за да му се овоможи на бебето да мине. Феталните индикатори за царски рез вклучуваат компликации со папочната врвка, стрес кај фетусот, и повеќето бебиња (на пример, близанци).

Па зошто тогаш толку здрави мајки и бебиња се одлучуваат за царски рез, дури и кога се смета дека е последната опција за оние семејства кои се во најургентна ситуација? Одговорот можеби лежи во џебовите на акушерите.

На основа на истражувањето на Џонсон и Рехави, на акушерите може да им бидат платени дополнителни неколку стотици долари, за да изведат царски рез наместо природно породување. Иако оваа сума не изгледа многу висока, за лекарите кои породуваат пет до 10 бебиња неделно, оваа сума нараснува прилично брзо. Интересно, но лекарите кои на барање извеле повеќе царски резови отколку што е тоа неопходно, избираат да направат природно вагинално породување кога станува збор за нивна бременост.

porodaj-tata-1328585176-93673„Откривме дека лекарите барем за 10 проценти помалку сакаат да имаат царски рез“, вели Џонсон. „Оттука излегува дека акушерите ги третираат нивните пациенти кои имаат лекар поинаку отколку (што ги третираат) пациенти кои немаат лекар“.

„Работата е што лекарите имаат знаење за медицината“, рече Џонсон за НПР. „Ако акушерите го избегнуваат најдобриот третман заради својата сопствена финансиска корист, пациентот кој и самиот е лекар може да им се спротивстави на акушерите. Но тоа можеби не е случајот со оние кои не се лекари, затоа што тие едноставно немаат медицинско укост за да знаат дали или не царскиот рез за нив е соодветен метод на породување“.

Не е неопходно лекарите почесто да предлагаат царски рез; тимот истражувачи претпоставува дека акушеите можеби го прават тоа несвесно. Финансиската корист има перверзен ефект врз мозокот.

Но финансиската наплата за да се изведе царски рез по се изгледа и понатаму ќе остане. Затоа за да се помогне во намалувањето на претераното породувања со хируршка помош, авторите на студијата предлагаат бремените жени да бидат едуцирани за безбедносните ризици од царскиот рез, како и за користа по здравјето која е поврзана со вагиналното продување.

Медикал дејли/Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1