„Не го уценував амбасадорот, зошто би го уценувала, работев на компјутерот додека тој беше во собата и одеднаш видов папка полна со слики само од мојата ќерка – го грабнав во бес компјутерот и ја прекинав врската со него“ вели Лидија Думбалоска во нејзиното прво јавно изнесување за случајо на државната телевизија ABC .
Пред австралиските власти Стојановски ја обвини дека му го украла службениот лаптоп и го уценувала со доверливите содржини меѓу кои и преписката со Македонската Влада и дека му побарала 200.000 долари во замена за компјутерот.
Думбалоска, во интервјуто тврди дека тој лаптоп им бил заеднички и често работела на него. Тој ден додека барала нешто на компјутерот, Стојановски бил во собата. Нашла дека тој пребарувал на интернет бизарна порногравска содржина но барајќи низ документите нашла и папка со педесетина фотографии само од нејзината ќерка кја има 12 години. Тоа ја збунило, по што веднаш го земала лаптопот и излегла од домот. Тогаш таа веднаш ја прекинала љубовната врска со него. Тој ја барал на телефон и и забранил да бара низ компјутерот – Лидија вели таа го зела компјутерот само за да ја дознае вистината и навистина била шокирана. По неколку дена дошле да ја уапсат за провала, кражба и уцена.
За време на судењето излезе валкан веш за екс амбасадорот – сведоци – македонски бизнисмени во Австралија изјавија дека тој лажно им барал пари од кредитори за лечење на рак на простатата од кој наводно боледувал- му дале пари за наводна итна операција во Франција. Дури потпишале и договор за заемот, кој бил доказ на судот. Подоцна тие се посомневале и дознале дека си бил на одмор во тоа време, тој подоцна признал дека нема рак, а неодамна и им ги вратил парите на бизнисмените. Излезе на виделина и дека имал девојки низ цела Австралија, кои не знаеле една за друга, а сопругата во Скопје ја лажел дека сè уште не може да најде куќа во Канбера, каде што би живееле заедно.
Обвинителстовот после сите овие удари на кредибилитетот на Стојановски ги повлече сите обвиненија против Думбаловска. Стојановски се уште живее во Австралија.
Во оваа емисија говореа Лидија Думбалоска поранешната девојка на Перо Стојановски која живее во Сиднеј, исто така се прикажаа делови од интеrвју каде Перо Стојановски говори околу неговиот украден компјутер од страна на Думбалоска на емисии во Македонија, Рик Митри адвокат на Лидија Думбалоска, Џон Николовски бизнисмен од Камбера и Никола Ставрески од Мелбурн.