64 годишниот кавадарчанец Ангел Силјанов решил да ја заштита пештерата која е во непосредна близина на неговата викендичка. На влезот од пештерата поставил врата и ја заклучил за да не влегуваат луѓе кои можат да ја оштетат. Таму си чувал и буриња и друг земјоделски алат но пред неколку дена забележал дека некој ја обил вратата – се соменва дека се диви копачи на злато и бара помош од полицијата, пренесува Дума.мк.
Тој тврди дека диви копачи на злато ја искршиле вратата што тој ја поставил за да ја заштити малата пештера токму од нив. Бара полицијата да ги открие сторителите и да ги казни, бидејќи како што вели, тие можат во наредна прилика да посегнат и по неговиот имот.
„Тие сега не чепнале од моите буриња и гајби кои ги засолнив во пештерата. Напротив, уште поубаво ми ги наредиле, за да си направат простор за копање. Ова не е прв пат во близина да оперираат арамии“ рече Силјанов и објаснува дека и досега навраќале близу неговиот имот, но за прв пат некој се осудил да чепка во пештерата.
Оваа мала пештера се наоѓа на стариот пат Градско-Прилеп од десната страна на 19 киломтри од Кавадарци.