Една читателка на угледниот Фајненшл тајмс од Лондон упатила писмо – рекација до редакцијата на овој дневен весник, во кој реагира на написот „Распложението е добро и покрај етничките тензии“ од 13 септември годинава во кој новинарка на Фајненшл тајмс пишува репортажа за Македонија и за спорот за името.
Џојс Ан Мекферти им пушува на уредниците:
„Бев заинтригирана од изјавата на официјалниот преставник на Грција кој рече дека подигнувањето на споменик на Александар Велики во Скопје е намерна, провокативна узурпации на грчкиот идентитет, историја и култура.
Зошто Македонците да не можат да го слават Александар Велики ако сакаат? Тој бил Македонец од татко Македонец, врз чиј успех го изградил сопствениот успех, а неговата мајка била од Епир.
Извор: Република.мк