Во паркот на југоистокот во Чикаго непознато лице отворил оган и ранил 12 лица, меѓу кои и едно тригодишно дете, јави СНН
Ранетите биле хоспитализирани и сите се живи, но четворица се во критична состојба, а петмина се тешко ранети. Јулиан Харис (22) изјавил дека напаѓач од сива хонда прво пукал на него, а потоа заминал во паркот.
– Доаѓаат овде секоја вечер и бараат луѓе во кои ќе пукаат, рекол Харис.
Пред неколку дена вооружен војник на воената морнарица во Вашингтон убил дванаесет лица.