Македонска работа: Филмаџиите се испокараа – Македонија остана без кандидат за Оскар!


Македонија нема кандидат за номинација за Оскар зошто филмаџиите се раскараа, се бара оставка од Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмски професионалци.

Двата филма меѓу кои се бираше се “Балканот не е мртов” во режија на Александар Поповски и “Соба со пијано” од Игор Иванов.

oskar3Од “Скопје филм студио” со обвинувањата, па велат и дека петчлената комисија избрана и предводена од Горјан Тозија била составена од блиски соработници на “Кино Око”, продукцијата која стои зад филмот Балканот не е мртов а тој филм според регулативите на Американската академија, не ги исполнувал условите за кандидатура бидејќи бил јавно прикажан пред први октомври 2012 година, односно на гала затворањето на минатогодишниот фестивал “Браќа Манаки”. “Балканот не е мртов”, исто така, не можел да влезе во трка и затоа што не бил прикажуван и седум дена во матичната земја.

На тоа, Роберт Насков, сопственик на “Кино Око”, во изјава за ВЕЧЕР им одговара: “Соопштението на “Скопје филм студио” е во најмала рака смешно, а доколку јас како сопственик на “Кино Око” сум ја составувал комисијата, тогаш сигурно дека ќе победеше “Балканот” и немаше да постои овој скандал околу непраќање на македонски кандидат. На “Кино Око” и се подеднакво блиски сите филмски професионалци, вклучувајќи ги и членовите на комисијата. “Балканот…” ги исполнува критериумите на Академијата, и за тоа постои писмена документација

На крајот, од “Скопје филм студио” бараат итна оставка на Горјан Тозија од функцијата и итно повлекување на оваа одлука, а позади барањето стојат Томи Салковски и Игор Иванов, продуцентот и режисерот на “Соба со пијано”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1